Лесно е да запознаете луѓе и да се спијателувате кога сте помлади. Но, како што минуваат годините станува се потешко да се поврзете со луѓето и да продолжите да одржувате контакт. Аника Кумар сака да ја „спречи“ осаменоста кај старите лица.

Таа волонтира во непрофитни организации уште кога имала 15 години и заедно со неколку нејзини пријатели решила да основа „кол-центар“ за стари лица.

Аника знаела дека разговорите многу им значат на повозрасните луѓе. Затоа ја основата организацијата „Не ме заборавај“ и таа функционира веќе неколку години наназад. Организацијата функционира на едноставен начин, локалните тинејџери им се јавуваат на постарите луѓе и разговараат со нив на секојдневни теми.

Волонтерите имаат состаноци и обука пред да почнат со повоците и заедно смислуваат интересни теми за разговор. Секој волонтер си има свој „повозрасен пријател“ со кој разговара од 20 до 30 минути неделно. Брит Басони помага во обуката на волонтерите и работи како супервизор за време на разговорите за да се увери дека се се одвива во најдобар ред.

„Некои сакаат утежа за тешките работи кои им се случуваат во животот. Некои од нив сакаат да разговаратаат за своите интереси.“, вели Брит.

Аника оваа година го завршила нејзиното средно образование и планира да го продолжи на Универзитетот во Калифорнија, Беркли. Таа се надева дека оваа организација ќе може да се прошири и на поголемо географско подрачје.

Сподели на Facebook
пати видено