Со тест на плунката би можело да се определи уште колку ви преостанува да живеете. Истражувачите откриле дека нивото на определен вид на антитело опаѓа како што личноста се приближува до смртта.

За да се стигне до овој заклучок, во 1995 година биле земени примероци од 639 возрасни и потоа биле следени 19 години. Откриле дека нивото на секретниот имуноглобин А (lgA) опаѓа колку што се ближи крајот на личноста. Антителата служат за одбрана од инфекции и се лачат од белите крвни клетки. Истражувачите велат дека хемикалијата може да биде маркер за ризик од смртноста, и тестот е многу побезопасен од земањето на примерок на крвта.

pl01

Тестовите на IgA би можеле да бидат употребени за увид во севкупното здравје при систематските прегледи. Истражувањето било објавено во журналот „PLOS One“. Д-р Ана Филипс од универзитетот на Бирмингем изјави: „Има извесен број на чинители кои влијаат врз тоа колку добро произведуваме антитела и како го одржуваме нивното ниво. Има такви врз кои немаме никаква контрола, како возраста, наследноста или болеста, но нашето општо здравје исто така може да влијае врз нивото на овие антитела: стресот, исхраната, физичката активност, алкохолот и пушењето, сите тие можат да влијаат врз нивото на антителата. Со сигурност може да се каже дека ако нивното ниво е крајно ниско, тоа може да биде полезен показател за висок ризик“.

pl02

Тимот верува дека следниот чекор би бил поголемо истражување за да се проучи врската помеѓу инфективните болести и развојот на болестите како канцерот, за да се обезбеди подобро разбирање на механизмите со врската пронајдена во досегашното истражување.

Сподели на Facebook
пати видено