Запознајте ја новата спортска верзија на револуционерниот електричен автомобил. Ова е новата Tesla Roadster! Новата Тесла крева од 0 до 100км/час за неверојатни 1,9 секунди и ова е само основниот модел. Ова е прв пат некој автомобил да ја пробил границата од 2 секунди. Елон Маск не сакаше да открие колкава е максималната брзина на автомобилот, но рече дека ќе биде над 400 км/час. Сега следува најдобриот дел… Со едно полнење на батеријата автомобилот може да помине 1000 километри.

За да ги постигне овие неверојатни перформанси, автомобилот има 3 мотори, еден напред и два позади.

Исто така необично за брзите спортски автомобили е тоа што новата Tesla Roadster има 4 седишта, наместо само 2.

Автомобилот ќе започне да се продава во 2020 година, а цената за да си резервирате една од сега е 50.000 долари.

(еден дел на почетокот на видеото е без звук)

Сподели на Facebook
пати видено