Црна мечка од Њу Џерски, САД, која се прослави откако била сликана како оди на своите задни нозе била застрелана за време на последната недела од ловната сезона.Ловецот кој се фокусирал на тоа да ја улови и убие токму оваа мечка, која од обожавателите била наречена Педалс. Ловецот, познат само по името Џон, ја застрелал мечката со стрела. Тој дури поставил посебна Фејсбук страна за да им се подбива на тие кои ја сакале Педалс, па дури и најавил дека на мечката и определил датум за погубување. Двоножната мечка првпат била забележана во 2014 година во Оук Риџ, Њу Џерси. Таа немала една предна шепа, а на другата имала трајна повреда, поради што морала да оди на своите задни нозе.

Официјалните лица не можеле да потврдат дека убиената мечка е Педалс, но Сабрина Пагсли, жителка на Оук Риџ вели дека ја препознала мечката по повредената предна шепа. Таа пишува:

„Педалс е мртов. Ловецот кој речиси три години сакаше да ја убие го доби тоа задоволство да му прониже стреа, фалејќи се во ловната станица. На истото место каде што го измериле, му ги прегледале нозете и потврдиле дека е `двоножецот`.

Кога во 2015 мечката била видена жива за последен пат, таа била во релативно добро здравје и се движела енергично.

pd01 pd02 pd03 pd04 pd05 pd06 pd07 pd08 pd09

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено