Видеото е снимено во Манапари во Јужна Индија. Кучето не може да се раздели од телето кое било негов најдобар пријател, но за жал паднало во бунар и се удавило. Фармерот Чинадурај го посвоил кучето пред неколку години, а кога се родило телето тие се спријателиле и биле заедно по цели денови. Тие се играле на ливадата кога телето паднало во бунарот и кучето почнало да лае за да го извести сопственикот. Чинадурај не можел сам да го извлече телето од бунарот длабок 6 метри и затоа ги викнал пожарникарите, но за жал тоа веќе било мртво.

Сподели на Facebook
пати видено