Курдските сили ги потресе веста за погибието на националната хероина и симболот на елитната женска единица која со години влеваше страв и трепет на милитантите на ИД. Асиа Рамазан Антар, позната како „курдската Анџелина Џоли“ загинала во крвава битка во близина на турската граница.

Оваа 22-годишна убавица учествувала во бројни битки и така се здобила со статус на неприкосновена воинка и национална хероина. Се родила во 1996 година, на курдските војни сили се приклучила кога наполнила 18 години. Потврдата за смртта стигнала преку Фејсбук страницата „Слобода за Курдистан“ кадешто се тврди дека загинала во борба со ИД, но постои и теорија дека загинала во судир со Сириските демократски сили.

kr01 kr02

Сподели на Facebook
пати видено