Ноа Потовен беше 17-годишно девојче од Холандија, кое со години криеше ужасни тајни кои на крајот за жал ја доведоа до чекорот да си го одземе животот.

Она што најмногу ја шокираше јавноста беше фактот што холандските власти ѝ дозволија да стави крај на својот живот според законите за еутаназија на Холандија.

Холандската тинејџерка од Арнхем чувствувала дека животот ѝ станал неподнослив и повеќе не можеше да продолжи понатаму откако била 3 пати силувана, во одделни напади, почнувајќи од 11-годишна возраст. Во Холандија, децата на возраст од 12 години може да добијат дозвола за еутаназија ако сакаат, но само откако докторот заклучи дека страдањето на пациентот е неподносливо без јасен крај на повидок. Во 2017 година, околу 6.585 луѓе во Холандија ја избрале еутаназијата.

Еден ден пред нејзината смрт Ноа ги споделила нејзините чувства и на социјалната мрежа Инстаграм: „Долго време размислував дали или не треба да го споделам ова, но сепак одлучив да го сторам тоа. Можеби ова доаѓа како изненадување за некои, со оглед на моите мислења за хоспитализација, но мојот план е таму долго време и не е импулсивен. Во рок од максимум 10 дена ќе умрам. По неколку години борба и борба, јас сум исцедена. Оттогаш го напуштив јадењето и пиењето, и по многу дискусии и проценки, решив да се пуштам самата себе затоа што моето страдање е неподносливо.“

Ноа изјавила дека таа никогаш не се чувствувала дека живее туку дека преживува велејќи: „Јас дишам, но не сум жива.“ Таа ги замолила нејзините пријатели и следбеници на социјалните мрежи да не ја разубедуваат.

Нејзините родители пред само една година ги дознале тајните на Ноа, кога нејзината мајка случајно ги пронашла прошталните писма до родителите и пријателите. Тајните се објавени во нејзината книга.

Девојчето било сексуално нападнато на забава со соучениците кога имала 11 години и една година подоцна на друга тинејџерска забава. На возраст од 14 години, таа била силувана од двајца мажи во соседството Арнхем во Елдервелд, но не кажала ништо поради „срам и страв“.

Последните неколку години ги минала во болници, институции и специјализираните центри, а нејзините родители почнаа да работат помалку за да се грижат за својата ќерка. За време додека прстојувала во установите носела посебна облека која не можела да ја соблече или да ја искористи на било каков начин за да си го одземе животот.

Таа во нејзината автобиографија напишала дека овие изложености во изолација ја натерале да се чувствува како криминалец а не украла ниту колаче во животот.

Минатата година таа била примена во болницата во Ријнсштат во Арнхем во критична состојба: со сериозно намалена тежина, со скоро откажани органи. Таа била ставена во кома и вештачки била хранета. Таа си направила и список на животни желби, вкупно 15, од кои исполнила 14, некои од нив биле возење скутер, пушење цигара, тетоважа, пиење алкохол.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено