На самиот брег на Сардинија, Италија, во заливот Олбиа, се наоѓа осамениот остров Таволара,кој се издигнува од морето како запчеста планина долга пет километри и широка еден километар. Кон крајот, гледајќи кон италијанскиот брег, планината се спушта за да обликува теснец со долга песочна плажа. Теснецот е единствениот населив дел од островот. И токму тука во последните двеста години живее семејството на Џузепе Бертолеони и неговите наследници.

Џузепе Бертолеони, емигрант од Џенова, пристигнал на овој остров во 1807 година, со намера да живее таму со една од неговите две жени и нивните деца, за да избега од казната за многуженство. Кога пристигнал, Џузепе се прогласил себеси за крал на островот, титула којашто како што тој тврдел му била доделена од Карло Алберто, кралот на Сардинија, додека биле заедно на лов во 1836 година. Оттогаш семејството на Џузепе владее со островот и се единствените негови жители – веќе седум генерации. Се прехрануваат со одгледување кози и рибарење, како и продавање сувенири на туристите. Исто така, тие ги поседуваат и двата ресторани на островот.

kr01

Набргу по пристигнувањето на островот, Џузепе открил дека островот е населен од редок вид диви кози чиишто заби биле обоени во златно жолта боја од морската трева и лишајот кој го јаделе. Кога гласот за козите со златни заби стигнал до владетелот на Сардинија, Карло Алберто, тој лично отпатувал во Таволара во 1836 година за да го лови животното. Како што се раскажува, Паоло, 24-годишниот син на Џузепе, тргнал да го поздрави кралот и се претствил себеси како крал на Таволара.

kr02

Откако поминал три дни на островот како гостин на Бертолеони, Карло Алберто бил толку воодушевен што пред да отплови, кажал: „Паоло, ти навистина си крал на Таволара!“ Неколку години подоцна, кога државната администрација се обидела да го одземе островот од семејството Бертолеони, Паоло Бертолеони отишол во Торино да се сретне со Карло Алберто од кој добил писмена потврда дека тој е крал на Таволара.

kr03

Паоло Бертолеони се вратил на островот и го создал грбот на Бертолеони, кој гордо го насликал на ѕидот на неговиот дом. Во 1900-те, британската кралица Викторија, којашто собирала фотографии од светските лидери на тоа време, го пратила својот личен фотограф на островот за да го слика кралското семејство. Оваа слика сѐ уште виси во музејот на Бакингамската палата во Лондо, како и на ѕидот на ресторанот на островот.

kr04

Во 1934 година официјално му бил ставен крај на суверенитетот на семејството Бертолеони, кога островот бил припоен кон Италија. Во 1962 година, на источниот дел од островот била поставена база на НАТО, опфаќајќи речиси половина од него. Денес семејството поседува само 50 хектари од островот. Иако веќе не се владетели, тие продолжуваат да ја играат улогата на заштитници на островот. Сегашниот „крал Тонино“ силно се труди неговото кралство да биде официјално признато, со што Таволара би било најмалото кралство во светот.

kr05

Сподели на Facebook
пати видено