Таткото на 13-годишното девојче Шениз Бенсон од Северен Јоркшир, Велика Британија, збеснал кога неговата ќерка била пратена дома од страна на училиштето поради – непримерна фризура! 39-годишниот Дарен Бенсон вели ддека Шениз ја посакала спорната фризура воочи прославата на роденденот на нејзината средства, во текот на летниот распуст, и дека за фризурата издвоил 140 фунти. Но, штом тргнала на училиште, Шениз веднаш била пратена дома.
Нејзиниот татко го обвинил училиштето поради „двојни стандарди“ бидејќи едно девојче од Јамајка која оди во истото одделение со неговата ќерка има речиси исти плетенки, а нејзе тоа ѝ е дозволено.
„Платив 140 фунти за тие плетенки кои траат една година, што значи дека мојата ќерка нема да може да оди на училиште до следната година. Нејзината пријателка од Јамајка има слична фризура, само со црвени ленти, а нејзе ѝ е дозволено да оди таква на училиште. Јас ги прочитав правилата на училиштето во врска со фризурата – и никаде не прочитав дека ваквата фризура е забранета“, изјавил таткото на девојчето.
Во училишниот правилник за тоа го пишува следното:
„Имајте на ум дека не се дозволени екстремни, неприродни фризури или фарбање. Фризурата би требало да биде практична и не премногу украсена. Ако сте во дилема во врска со тоа, посоветувајте се со учителот на вашето дете. Во крајна сметка, тоа што е или што не е прифатливо одлучува училиштето во согласност со своите правила.“
Дилемата се наметнува во поглед на споредбата со детето од Јамајка, на која веројатно ѝ се дозволува носењето таква фризура како дел од нејзината култура.