Еден татко имал слепа ќерка, барал лек насекаде и на крај очаен отишол кај една видовита жена да бара лек. Видовитата му рекла дека неговата ќерка ќе прогледа, кога татко ѝ ќе умре.
„Јас мојот живот си го изживеав“, си рекол таткото, „барем ќерка ми да прогледне“.
Отишал човекот во кафаната и почнал да пие. Пиел, пиел, но не успеал да умре од пиење. Тргнал да со оди дома и со рекол:
„Белки ќе помине некоја кола и ќе ме згази“, но ниту еден автомобил не поминал.
„Изгледа нема да успеам денес!“ – Си рекол човекот и се вратил дома.
На портата го пречекала жена му со викање:
– Ајде бе каде одиш, никаде те нема! Комшијата умре, а ќерка ни прогледа!

Сподели на Facebook
пати видено