Сите знаеме колку е тешко да се тргне детето од паметниот телефон или таблетот за да може сконцентрирано да си ја напише домашната задача.

Овој татко од Кина смислил креативен начин неговата ќерка да остане сконцентрирана додека ја пишува домашната задача.

Човекот одлучил да го истренира нивното куче да го „надгледува“ девојчето додеја ја извршува обврската и притоа внимава паметниот телефон да не ѝ го одвлекува вниманието. Таткото напишал дека неговата ќерка секогаш имала проблем со концентрацијата и не можела да фокусира, а кучето старо 3 години сега и помага да го надмине овој проблем.

Сподели на Facebook
пати видено