Ајде да се соочиме со тоа – болниците се досадни. Да сте врзани за машина или само да лежите во болничкиот кревет е ужасно искуство. Додека возрасните можат да најдат начин да се забавуваат со книги или телевизија, малку е потешко за малите деца да останат на едно место по цел ден.

Самиот факт дека се болни е доволно страшен за нив, досадната околина на болничките соби ги прави работите уште полоши. Можете ли да замислите како е да се биде дете кое се бори да разбере што се случува, кое е далеку од дома, не може да си игра со омилените играчки и да му е забрането да го напушти креветот?

Таткото од Шарлот, Северна Каролина, по име Кевин Гетлин, ги знае овие борби премногу добро, па решил да помогне. По посетата на детето на пријател во болницата, Гетлин сфатил колку е тешко да си заглавен во кревет цел ден, па тој смислил брилијантна идеја. Постелнина со насликани интерактивни игри.

По внимателно разгледување, планирање и советување со наставниците и докторите замислата на Гатлин се претвори во компанија наречена Playtime Edventures.

Му биле потребни повеќе од 2 годиниз а да ја дизајнира постелнината. Денес, децата кои имаат потреба можат да изберат од 50 интерактивни игри отпечатени на постелнина.

Иако секој може да ги купи постелнините за своите деца најважниот дел од проектот е можност да се донираат за оние на кои најмногу им се потребни. Досега се донирани над 3.000 постелнини.

Сподели на Facebook
пати видено