Татко случајно го убил својот четиринаесетгодишен син на стрелиште кое наводно било најбезбедно во светот. Стивен Џ. Брамби стрелал заедно со својот татко Вилијам „Клејтон“ Брамби во стрелиштето „Хај Нун Ган“ во Сарасота, Флорида, кога трагично бил погоден од заскитан куршум. Таму биле и неговиот 24-годишен брат, како и 12-годишната сестра кои гледале како нивниот брат им умира пред очите.

Момчето било однесено во болница, но набргу било прогласено за мртво. Полицијата вели дека до несреќата дошло кога една чаура му влегла во кошулата на таткото. Обидувајќи се да ја извади, ненамерно го вперил оружјето во својот син и случајно истрелал. Мајката Елизабет подоцна ја поставила сликата на својот мртов син со пораката: „Нема зборови“.

dt01 dt02 dt03 dt04

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено