Каде и да погледнеме денес на социјалните мрежи ни изгледа дека „инфлуенсерите“ живеат најдобар живот, а на нас останатите ни се полнат очите кога ќе видиме на каков дмор од соништата повторно заминале.

Ако ѝ вие се прашувате колку е тешка нивната „работа“ градежниот работник од Остин, Тексас ќе ви го даде одговорот.

Омар не знаел што е тоа „инфлуенсер“ и затоа решил да ја праша својата ќерка. По објаснувањето, неговиот одговор претставува преседан за она што ќе стане смешен потфат. Одговорил едноставно „Пфф и јас можам да го сторам тоа.“ Така Омар си направил Инстаграм профил и за неколку недели собрал над 348.000 следбеници и бројката постојано расте.

Наместо егзотични места Омар го документира своето секојдневие и неговото работно место на најдобра можен начин. Споделувајќи слики од неговата облека на денот, ралавици, шлемови и објавувајќи искрени фотографии од него среќно пиејќи еспресо тој стана сензација за луѓето низ светот.

Тој, исто така успева да ги имитира познатите пози на инфлуенсерите и делува како веќе да имал „работно искуство“.

Искрено не знаеме за вас, но нам досега Омар ни е омилениот инфлуенсер, иако не става фотографии во бикини на егозтични острови (не дека би сакале да го видиме во такво издание).

Сподели на Facebook
пати видено