Холандската полиција пронајде татко и шест „возрасни деца“ кои живееле во подрумот на изолирана фарма и ја чекале „апокалипсата“.

Официјални лица откриле тајни скалила зад шкафот кои се воделе кон подрумот, откако биле повикани на затскриениот имот во селото Руинерволд, во северната провинција Дренте.

Таму пронашле маж кој лежел во кревет и шест возрасни на возраст меѓу 16 и 25 години. Некои од ослободените „немале поим дека постојат други луѓе“. Локалните медиуми соопштија дека семејството е пронајдено откако 25-годишник влегол во близина на еден паб во збунета состојба во неделата, испил пет пива, а потоа побарал помош, велејќи дека тој не бил надвор веќе девет години.

Полицијата уапси 58-годишен маж на местото на настанот затоа што не соработувал со истрагата, но тој не бил таткото.

Од полицијата изјавиле: „Сите сценарија се сè уште отворени. Нашето истражување е во тек и не можеме да споделиме повеќе информации во овој момент.“ Локацијата на мајката е непозната, но официјалните лица изјавија дека е можно таа да биде „закопана“ на фармата.

Сопственикот на барот, Крис Вестербек, дека разговарал со 25-годишниот маж, кој му рекол дека „бегал и дека му е потребна помош.“ Потоа ја повикале полицијата. 25-годишниот додал дека тој избегал ноќе, бидејќи „тоа не било можно во текот на денот“. Крис исто така вели дека човекот зборувал на „детски начин“ и му раскажал за своите браќа и сестри и дека никогаш не бил на училиште.

Првичните извештаи велат дека човекот бил татко на шесте возрасни лица, меѓутоа, според Роџер де Грот, градоначалник на селото Руинерволд, човекот што го открил полицијата не е нивниот татко. Тој го изнајмил имотот на кој живееле. Уште не се утврдени односите помеѓу возрасните.

Тие немале контакт со надворешниот свет и храната ја добивале од градината во фармата. Соседите велат дека забележувале човек кој доаѓал на фармата, но не знаеле кој е. Еднаш кога слушнале аларм се обиделе да дојдат до фармата но вратата била заклучена, а на дрвото имало камера. Прозорците на фармата исто така биле затворени.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено