7-годишно момче останало заглавено на клима уред на 6-тиот кат на зградата во градот Фошан, Кина. Момчето додека било само дома помислило дека крадци влегле во нивниот стан на 7-миот кат и излегло од прозорецот и се спуштило на клима уредот од долниот кат, за да „избега“ од нив.

Кога го видел неговиот татко, тој без размислување излегол од прозорецот и тргнал да го спаси својот син. Наскоро пристигнале и пожарникарите кои му фрлиле јаже за да може детето безбедно да се искачи.

Мајката на детето изјавила дека го оставила синот сам само на кратко, додека да ја однесе нејзината ќерка на училиште. Но, кога се вратила и го пронашла момчето на клима уредот веднаш повикала пожарникари и му се јавила на нејзиниот сопруг. Човекот успеал да дојде дома пред пожарникарите и да го спаси детето.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено