Солзи радосници биле пролеани кога еден татко во северозападна Кина конечно бил повторно обединет со својот исчезнат син по речиси 24 години.

Таткото Ли Шунџи и мајката Ду Ли го загубиле својот тогаш тригодишен син на прометните улици на градот Ксиан на 8 август 1994 година.

27-годишниот Ли Леи, конечно, можеше да се сретне со својот 59-годишен биолошки татко во петокот, откако локалната полиција успешно го идентификуваше во базата на ДНК податоци за исчезнати деца. Г-дин Ли живописно се сеќава на денот кога го загубил својот син, нагалено познат како Леи Леи.

„Заминав од дома за да продавам облека на тезгата. Не сум приметил дека мојот син ме следел. Јас сфатив дека тој исчезнал откако мојата сопруга дојде да ме бара на пазарот. Моите нозе веднаш се вкочанија.“, вели таткото.

Еден пар го пронашол изгубеното дете и бидејќи не можеле да ги лоцираат неговите родители одлучиле да го посвојат. Бидејќи тогаш немало добро развиена мрежа за комуникација Ли го продал својот бизнис и почнал да патува низ целата земја во обид да го најде својот син.

Отпечатил околу 180.000 примероци на известувања за исчезнати лица и ги носел во најлонски вреќи низ целата земја, пренесувајќи ги во разни провинции. Таткото вели дека изгубил 59 килограми за три месеци. „Јас постојано си кажував себеси, не смеам да се откажам. Морам повторно да го видам мојот син“, вели Ли.

На средбата Ли паднал на колена од среќа кога го видел неговиот син, а исто така и момчето не останало рамнодушно.

Сподели на Facebook
пати видено