Обри Делинзер дознал дека неговиот син Џордан е малтретиран од страна на соученик во одделението. Тату-артистот од Хјустон наместо да отиде и да се пожали во училиштето се одлучил на малку понеобичен начин да ја реши ситуацијата.

Делинзер го повикал насилникот, Тамарион за да разговараат. Тој се поставил пријателски кон детето и сакал да знае што се крие зад неговата желба за малтретирање на другите деца и зошто го прави тоа.

Тамарион му раскажал дека и него го малтретираат децата затоа што на училиште доаѓа во стари и валкани алишта, затоа што тој и неговото семејство останале бездомници. Обри решил да му помогне на детето да си ја врати самодовербата и го однел на шопинг за да си избере нова облека.

Видеото кое го снимил Обри добило огромна популарност и затоа кога тој сфатил колку се проширила приказната основал GoFundMe кампања за Тамарион и неговото семејство. Обри открил дека и тој бил малтретиран кога бил дете и затоа сега целата ситуација ја гледа од поинаков агол. Сега Тамарион и неговиот син Џордан се добри пријатели.

„Работите навистина испаднаа феноменални…повеќе отколку што некогаш можев да замислам .. само сакав сите да знаат дека ја ценам целата љубов и поддршка од целиот свет… поздрав до вас…момчињата ќе преспијат кај нас следниот викенд…ова е навистина поголемо отколку што замислувавме.“, изјавил Обри Делинзер.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено