Лекарот Тони Адкинс навистина верува дека „смеата е половина здравје“. 42-годишниот лекар кој работи на одделот за неврохирургија во детската болница во Оринџ Каунти, Калифорнија, решил да им подари насмевка во тешките моменти на неговите пациенти.

Сите во болницата го познаваат како „танцувачкиот доктор“ затоа што Тони со неговите „танцувачки способности“ ги забавува малите пациенти, кои најчесто се во болницата поради тешки болести.

Тој смета дека смеата и интеркацијата со луѓето се помоќни од било кој лек против болки и затоа не планира да се откаже од применување на овој негов метод.

Тони се надева дека на овој начин ќе им помогне на децата да не „испуштат дел од нивното детство“, но исто така вели дека има и други поволности: „ Истражувањата покажуваат дека кога луѓето се смеат и стануваат интерактивни, ефектот врз мозокот е помоќен од некои лекови за болка. Тоа има клиничка вредност бидејќи ми овозможува да ги проценам физичките способности на пациентот, мобилноста и процесот на закрепнување.“

Адкинс е многу познат во болницата и голем дел на пациенти кои ќе бидат примени таму веднаш бараат тој да биде нивниот лекар. Иако нема „професионално“ искуство во танцување, Тони вели дека отсекогаш ја сакал музиката и добриот ритам.

„Нема ништо подобро отколку да се види насмевка на лицата на моите пациени или да ги слушам како се смеат. Јас дефинитивно ќе продолжам да танцувам со моите пациенти – стана составен дел од мојот третман и грижа за децата. Ништо не е поважно од здравјето на детето, и јас имам среќа да играм интегрална улога во тоа. “, додава Адкинс.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено