Ѕвездениот(Небесен) диск Небра е 3600-годишен бронзен диск кој според УНЕСКО ја вклучува „најстарата конкретна слика на космичките феномени во светот“. Дискот е толку невообичаен што првобитно се мислело дека е археолошки фалсификат.

Деталната научна анализа откри дека дискот е автентичен и сега е вклучен во „Memory of the World” на УНЕСКО, чија цел е зачувување на документарното наследство на човештвото и се наоѓа во музејот Хале во Германија.

Небесниот диск бил откриен во 1999 година од страна на двајца ловци на богатство, кои користеле детектор за метал во шумите во покраината Саксонија-Анхалт во Германија. Тој бил ритуално погребан во праисториско живеалиште на врвот на Хитл Мителберг со два меча, две секири, две спирални белегзии и едно бронзено длето.

Ниту едно друго археолошко откритие во Европа не е толку длабоко проучувано како Небесниот диск. Истражувањата продолжиле до 2007 година, но научниците не успеале да ја утврдат годината кога било направено, иако тие откриле дека било закопано во 1600 п.н.е.

Небото диск има дијаметар од околу 30 сантиметри, тежи 2,2 килограми, украсен е со сино-зелена патина и со златни симболи. Симболите го прикажуваат Сонцето (или полна месечина, но археологот Харалд Мелер тврди дека е поверојатно дека станува збор за Сонце, бидејќи лаковите на дискот се однесуваат на сончеви феномени), полумесечина и ѕвезди (вклучувајќи ја и групата на ѕвезди Плејади).

Подоцна од двете страни биле додадени златни лакови (од кои едниот е изгубен). Тие имаат агол од 82 степени и го покажуваат аголот помеѓу положбата на Сонцето во лето и зимската краткоденица на широчината на Мителберг. Постои уште еден лак додаден со карактеристики кои не се важни, но некои експерти веруваат дека го симболизира Млечниот Пат. Пред да биде закопан, дупки биле направени на надворешниот крај на целиот Небесен диск, од кои секоја имала дијаметар од 3 милиметри.

Небесниот диск потврдува дека луѓето од бронзеното доба имале исклучителни астрономски знаења и спровеле обемни набљудувања на Сонцето, како и познавање на летната и зимската краткоденица. Иако постојат многу постари мегалитички комплекси од астрономско значење, Небесниот диск е најстариот познат „преносен инструмент“ кој овозможува астрономски мерења.

Астрономот Ралф Хансен тврди дека дискот бил користен за да ги координира сончевите и лунарните календари за луѓето да знаат кога да садат семенски материјал и кога да тргуваат со стоки, но друг астроном Курт Роланд смета дека дискот е повеќе од симболичко значење и најверојатно се користел во ритуалите.

УНЕСКО, од своја страна, пишува дека дискот „комбинира извонредно познавање на астрономските феномени и религиозни верувања во тој период“, со што ни овозможува да стекнеме „уникатни впечатоци за рано познавање на небото“.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено