Додека секој има различно мислење за останатиот дел на менито, едно нешто во што сите се согласуваме е дека компирчињата на Мекдоналдс се врв кога станува збор за совршено крцкави и вкусни компирчиња. Но, што е тоа што ги прави толку добри? Благодарение на Грант Имахара од МитБастерс, ќе научите нешто за процесот за правење на најдобар помфрит кој би можеле да го приготвите дома.
Забелешка: Ако го удвојувате рецептот, не додавајте двојно масло. Додадете само 1/4 чаша масло и една лажица животинска маст доколку има потреба.
Состојки:
2 компири
1/4 чаша сируп од пченка (или густ раствор на 1/4 чаша шеќер во вода)
1.5 чаша вода
6 чаши масло од кикирики (или обично масло)
1/4 чаша говедска маст
2 лажици сол, по вкус
1/4 лажица гранули од говедски булјон (по желба)
Упатство:
1. Излупете ги компирите и исечкајте ги компирите во облик на помфрит. Идеалните димензии се 7X7 mm дебелина и околу 10 cm должина.
2. Во голем сад измешајте ги сирупот и водата додека да станат хомогена смеса. Додадете ги компирчињата во смесата и оставете ги во фрижидер во времетраење од 30 минути.
3. Додека помфритот е потопен во смесата, ставете масло од кикирики во длабока тава и загревајте до температура од 190ºС.
4. Извадете ги компирчињата од смесата и исушете ги. Внимателно ставете ги во маслото и потпржете ги во траење од една до 1.5 минути, колку да пожолтат. Извадете ги од тавата и ставете ги на тањир обложен со салфета. Ставете ги во фрижидер 10 до 15 минути.
5. Додека се ладат, додајте ја говедската маст во маслото од кикирики. Загрејте го маслото до температура од 200ºС. Извадете ги компирчињата од фрижидерот и внимателно ставете ги во тавата. Пржете ги 5-7 минути додека да добијата жолто-кафеава боја. Исцедете ги и ставете ги во голема чинија.
6. Додадете им сол и сервирајте ги веднаш.