За време на Втората светска војна, американското воздухопловство, кое бомбардирало сè што и припаѓа на Јапонија во Тихиот Океан, го заобиколило островот Матуа. И кога војната завршила, претседателот Труман му се обратил на Сталин со неочекувано барање: САД да добијат само еден од островите освоен од советските трупи. Како островот Матуа го привлекол вниманието на претседателот на САД.

Матуа е мал остров кој се наоѓа во самиот центар на Курилските острови. За време на Втората светска војна, Јапонците го направиле непробојна тврдина што може да се користи како отскочна даска во случај на војна со СССР. Војната навистина започнала, но во 1945 година 3811 јапонски војници и офицери „храбро“ се предале на 40 советски гранични чувари.

Островот, предаден на СССР, имал широки и длабоки ровови и вештачки пештери. Бројни тврдини и хангари биле изградени според сите правила и прописи. Целото крајбрежје на Матуа било опкружено со густ прстен од бункери, направени со камен или издлабнати во карпите.

Аеродромот на островот бил изграден уште потемелно. Бил толку соодветен и технички компетентен што авионите можеле да летаат и да слетуваат на ветрот со сета моќ и насока. Инженерите исто така изградиле и „анти-снег“ конструкција. Под бетонот биле ставени цевки низ кои течела топла вода од термалните извори на островот. Затоа, на јапонските пилоти не им претставувал проблем мразот на пистата, нивните авиони можеле да слетаат и да полетуваат и во зимата и во летото.

Во крајбрежните карпи, вредните Јапонци ископале пештера каде што можела да се скрие подморница. Во близина се наоѓала подземната резиденција на штабот на гарнизонот, камуфлирана во еден од околните ридови. Нејзините ѕидови биле направени од камен, а внатре имало базен и бања.

Една од тајните на островот е целосното исчезнување на целата воена опрема. И покрај внимателното истражување по 1945 година, ништо не било откриено. Постои некаква застрашувачка ‘случајност’: луѓето што ја бараат, загинале во пожари, паднале во снежни лавини, починале во необјаснети несреќи. Во доцните деведесетти, како резултат на несреќа, заменик-шефот на граничната полиција, кој ги предводел овие истражувања исто така загинал. И кога се обиделе да ги обноват уништените комуникации, вулканот одеднаш се разбудил во центарот на островот.

Некои веруваат дека Јапонците ја фрлиле целата муниција во кратерот, предизвикувајќи силна ерупција. Утрото на 12 август 1945 година, три дена пред капитулацијата на Јапонија, во близина на Корејскиот полуостров во морето, се слушнала експлозија. Огнена топка со дијаметар од околу 1000 метри се искачила на небото. Некои историчари сметаат дека тоа е првата и последна нуклеарна бомба во Јапонија. Моќта на експлозијата била речиси иста како и американските бомби фрлени неколку дена претходно врз Хирошима и Нагасаки. Според мемоарите на американските аналитички служби на таа локација во ноќта од 12 до 13 август имало експлозија на непознат нуклеарен уред.

Ако јапонската верзија на најстрашното оружје на дваесеттиот век е навистина развиена во подземниот град на островот Матуа, тогаш ова е одговор на многу прашања поврзани со големата „заинтеренсираност“ за островот. Сепак тајната на островот Матуа, останува неоткриена.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено