Градот Прага, главниот град на Република Чешка, е познат по многу работи. Но, еден аспект од историјата често се занемарува – градот бил главен центар на окултната и темната уметност во 16 век.

Доказите за ова се појавиле по откритиети во една стара градба во која имало алхемиска лабораторија- Speculum Alchemiae.

Во 2002 година, градот Прага била погодена од катастрофални поплави кои оставиле до 30.000 луѓе без покрив над главата и најмалку 16 лица загинале. За време на расчистувањето по поплавите, била пронајдена градба во еврејската населба со бројни подземни лабораториски капацитети кои датираат од 16 век. Понатамошното испитување на зградата довело до заклучоци дека станува збор за алхемиска лабораторија.

Откритието се состоело од алхемиски работилници со опрема и подземна мрежа на тунели кои поврзуваат три важни локации во Прага – Стариот градски хол, касарната и Прашкиот замок. Куќата е сега на местото на алхемискиот музеј, Спекулум Алхемија.

Денес, постои јасна поделба помеѓу она што се смета за наука и што се смета за мистицизам и магија. Денес научниците сметаат дека алхемијата, астрологијата и сличните дисциплини се сметаат за псевдонаука. Меѓутоа, во 16-тиот и 17-тиот век, се чини дека имало помалку раздвојување меѓу науката и мистицизмот.

Во 16 век, Прага била доменот на светиот римски цар Рудолф II (1552-1612). Рудолф II е познат по тоа што бил главен покровител на уметноста и науката. Тој исто така бил голем обожавател на алхемијата.

Иако алхемијата и сличните дисциплини биле сметани за легитимни научни дисциплини во тоа време, сè уште постоело ризик во нивното практикување. Интересно е што Рудолф II избрал да ја изгради оваа алхемиска лабораторија во еврејската населба. Можно е причината за ова да е вот тоа што, на некој начин, јудаизмот бил „попријателски настроен“ во окултните науки од христијанството. Така, изградбата на таа локација би предизвикало помалку сомневање.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено