Клинт Емерсон е агент на специјалните сили на армијата на САД, кој учествувал во операции на тајната влада ширум светот. По пензионирањето, Емерсон напиша илустриран водич каде што ги сподели знаењата и вештините потребни за да се преживее во опасни ситуации. Ова се најинтересните илустрации со детални описи за тоа што треба да знаете ако се најдете во опасна ситуација. Се надеваме дека ќе останете безбедни и нема да ги користите овие методи; сепак, ова се добри совети кои треба да ги имате на ум.

1. Како да преживеете сообраќајна незгода:

Кога возите рацете треба да ви бидат позиционирани на 3 и 9 часот од воланот. Палецот треба да биде на надворешната страна на воланот. Ако вашиот показалец и палецот се наоѓаат во внатрешноста на воланот, шансите за кршење на прстите се исклучително високи. Ако ги вкрстите рацете, ќе го скршите не само вашиот зглоб, туку и подлактицата.

Ако сте на задното седиште, ставете ги рацете на задниот дел од вашата глава, притиснете го челото врз седиштето и задржите ги колената свиткани за 90 °. Ако сте во оваа позиција, ќе ги минимизирате вашите шанси да бидете повредени.

2. Како да се избегне напад од куче:

1. Можете да користите мешавина од вода и амонијак за да ги исплашите кучињата. Амонијакот е сосема безопасен, не ги повредува животните на било кој начин, но ги плаши многу ефикасно.

2. Вториот начин е користење на спреј со компресиран воздух. Таквите спрејови обично се продаваат за чистење на тастатури. Силен удар на ладен воздух во носот ќе ги дезориентира дури и најагресивните кучиња.

3. Најефективен начин е да се користи спреј со бибер или друга урина на животното. Биберот само ќе го исплаши кучето, а урината ќе се смета за знак на нечија територија, па кучето нема да ве следи.

3. Содржина на торбата на специјалниот агент:

Сите агенти носат работи кои ќе им помогнат да преживеат во секоја ситуација, па дефинитивно е совет што вреди да се послуша. На пример штитник за заби би му помогнал на агент при судар, црниот телефон тешко се забалежува кога има потреба да сними нешто, а џебниот нож може да послужи во повеќе ситуации.

4. Како да се одбраните кога некој ве дави:

Ова е еден од најчесто употребуваните потези. Кога некој го употребува, притиска на каротидната артерија, исклучувајќи го снабдувањето со кислород. Жртвата ја губи свеста по 3-5 секунди. Но, постои начин да се одбраните.

Првото нешто што треба да направите е да го вовлечете вратот и да се обидете да ја ставите раката под раката на напаѓачот. Ова помага да се спречи задушување. Потоа наведнете се, фатете го напаѓачот за рамо, наведнете се напред и повлечете го напаѓачот надолу. Како резултат на тоа, ќе го фрлите напаѓачот над грбот и ќе го зашеметите.

5. Како да се забарикадира вратата:

Еден од најсигурните начини да се забарикадира вратата, па дури и да биде тешко да се скрши е да се користат дрвени клинови поставени околу вратата.

Метла или стол стави под рачката на вратата, исто така, може да ја задржат вратата многу добро. Но, ви е потребна некаква подлога на подот (дрвена или гумена), за да не се лизне предметот.

Друг лесен начин е само да се поместат некои тешки предмети пред вратата. Ова ќе го присили напаѓачот не само да се обиде да ја отвори вратата, туку мора да ги помине и предметите.

6. Каде да се сокриете доколку некој пука кон вас:

Пукањата се нормални за холивудските филмови, но тоа дефинитивно не е нешто на што сме навикнати или на што некогаш сакаме да бидеме сведоци. Сепак, во реалниот живот, агентите мора да пукаат многу често.

За да се заштитите, треба да најдете добро место. Ако сте дома, треба да користите цврста маса со гранитна површина наместо фотелја или кауч. Ако сте надвор, најдоброто покритие се саксиите. Ако се криете зад автомобилот, кријте се зад предниот дел, а не задната страна на автомобилот.

Таблите и книгите со дебел повез се добри да ги користите како импровизиран панцир.

7. Што да правите кога ќе ви ги врзат рацете:

Кога некој ви ги врзува рацете притиснете ги палците еден до друг а оставете малку простор меѓу рацете. Ова ќе ви даде шанса да ги ослободите вашите раце. Доколку некој ве врзал за стол земете длабок здив, наведнете го грбот и ширете ги нозете. Ова ќе создаде дополнителен слободен простор кој ќе ве ослободи подоцна. Друг трик што агентите во САД често ги користат е држење на дел од јажето додека ве врзуваат.

8. Најдобри места за криење на одредени работи:

Постојат многу добри места за криење каде лесно можете да ги сокриете парите, информациите или уредите за слушање. Еден добар специјален агент мора да ги знае сите.

9. Како агентите успеваат да не остават отпечатоци:

Бели памучни ракавици: Тие не оставаат трага, па дури и ако го направат, ќе забележите веднаш.

Можете да користите лепак или лак за нокти: тие нема да дозволат вашите прсти да остават ништо на која било површина.

Пемзата е исто така добра идеја: се користи за триење на нозете, така што е исто така добра за да се ослободите од отпечатоците барем неколку дена.

10. Како да се ослободите ако вашите раце и нозе се врзани:

Ословодување на нозете: Исправете се и ставете ги нозете во позиција “V”. Потоа скокнете и при приземјување, брзо раширете ги колената. Секаков вид на лента ќе се искине моментално.

Ослободување на рацете: Ако вашите раце се врзани зад грбот, треба да ги преместите напред. Сега ставете ги рацете напред и ги раширете ги многу брзо.

11. Како да се пробие блокадата на патот:

Во филмовите, најверојатно сте виделе дека главните ликови поминуваат низ блокади со полна брзина. После тоа, тие обично продолжуваат како да ништо не се случило. Во реалниот живот, треба да се најде слаба точка за да се помине преку таква пречка.

Најдете го најголемиот простор помеѓу два автомобили. Сега проверете кој автомобил е под најголем агол од вас. Предниот или задниот дел од автомобилот е најслабата точка и вашата најдобра шанса да ја поминете патеката.

Сподели на Facebook
пати видено