64-годишниот Питер Ендру е прогласен за виновен за сексуално злоупотребување на 9-годишно девојче, откако две години по ред го мамел девојчето во неговата куќа за да „играат видео игри и да се играат со кучето.“ Неговата сопруга Хеики ја нападнала бабата на девојчето велејќи: „Таа е 14-годишна ку*ва и спие со сите. Еј? Дали тоа го научи од тебе?“

Хеики го брани својот сопруг велејќи дека девојчето самоволно доаѓало во куќата поради тоа што било запоставено од нејзините родители. Ендру не поминал ниту еден ден во затвор затоа што му била дијагностицирана крајна фаза од смртоносен рак. Тој продолжил да си живее во куќата каде што го злоупотребувал  девојчето, само неколку метри оддалечена од центарот за детска заштита.

Питер Ендру и неговата сопруга Хеики, заедно со 9-годишната жртва

Откако бил соочен од репортер додека бил на прошетка, Ендру изјавил дека му е жал за злоделото што го сторил. Бабата и дедото на девојчето се запрепастени од одлуката на судот Ендру да биде пуштен на слобода. Тие лепеле плакати како предуредување за педофилот, кој живее во нивната населба.

„Неверојатно е како некој може да обвини девојче помало од 10 години дека со намера привлекло маж на сексуален однос“, вели дедото на девојчето. Неговата сопруга на тоа додава: „Тој не е човек, тој е животно.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено