Иако отсекогаш кружеле некои верувања дека свињите се паметни никој до сега не се сконцентрирал целосно на оваа тема за да го докаже тоа. Најчесто свињите ги знаеме како слатки и мали или пак големи… и вкусни. Но, неодамна се појави видео кое покажа дека свињите знаат да користат алатки за да си ја завршат работата.

Група истражувачи забележале семејство Визајански свињи како со помош на стапчиња си градат „свинско гнездо“, со што се доаѓа до заклучок дека некои видови на свињи користат алатки. Свињите не се вистински познати по градење гнезда. Тие исто така не се познати по нивната љубов кон алатките, сите би помислиле дека повеќе сакаат неуредност. Но, еве нѐ! Свињите можат да користат алатки.

Можеби свињите веќе со години користат алатки, но никој од нас не забележал. Но, на некој сепак му текнало. Мередит Рот-Бернштајн, еколошки конзерваторски и коавтор на студијата, најпрво го забележала „феноменот“ во зоолошката градина во Париз, каде видела возрасна Визајанска свиња наречена Присила како копа дупка со помош на стап во устата.

Таа била фасцинирана од Присила и неколку години по ред се враќала во зоолошката градина да ја набљудува и да ѝ оставаат некои алатки за да види како ќе се однесува таа и нејзиното семејство. Таа ја набљудувала Присила и нејзините женски потомци кои користеле стапчиња „за веслање“ за да копаат и да градат гнездо. За жал, сопругот на Присила, Били не се снаоѓал толку добро, а неговите обиди да ги употреби стапчиња биле „несмасни“ во споредба со женките.

Сподели на Facebook
пати видено