Мичиу Каку е јапонско-американски теоретски физичар и професор на Сити Колеџ во Њујорк. Тој е еден од основачите на теоријата на струните, која се смета како „теорија за сѐ“. Има напишано неколку книги по физика и често гостува во емисии каде ги дебатира неговите теории. А сега истиот тој тврди дека Господ постои и има докази за неговото постоење.

Неговите тврдења за постоењето на Господ предизвикаа хаос во заедницата на научниците. При едно интервју, Каку го шокирал водителот кога изјавил дека повеќето светски физичари веруваат во Господ поради тоа како го создал универзумот.

Објаснил дека универзумот не морал да биде така дизајниран, можел да биде грд и хаотичен. Во кратки црти кажано, според Каку, редоследот што го гледаме во универзумот е доказ за постоењето на Создавачот.Односно редоследот на редот, убавината, елеганцијата и едноставноста во универзумот докажуваат дека Господ постои.

„Верувај ми, се што денес го нарекуваме случајност повеќе нема да има смисла. На мене ми е сосема јасно дека ние постоиме во план што е управуван од правила, кои пак се создадени и оформени од вселенска интелигенција, а не од случајност.“- рекол физичарот во интервјуто.

Каку објаснил дека Господ е како математичар, слично верување какво што имал Ајнштајн, дека постојат два вида на Господ: Првиот е личен, на кој се молиме, а вториот е Господ на убавината, хармонијата и едноставноста.

Каку зборува за вториот тип на Господ. Бидејќи како што вели тој, недостатокот од тоа да се биде дел од јавната сфера е честото испревртување на зборовите, како што е и неговиот случај: “Понекогаш сум цитиран сосема погрешно. Мојот став во однос на Господ е тоа што ниту може да се докаже неговото постоење, но ниту може да се негира истото.”

Истовремено изјавил: “Науката се темели на она што може да се докаже, провери и фалсификува. Тоа се нарекува и е наука. Но, постојат одредени нешта кои не можат да се тестираат, ниту пак да се повторуваат или фалсификуваат, нешта во кои би било вклучено и самото постоење на Господ.“

“Кога научниците го користат зборот Господ најчесто мислат на Господ на редот. Како на пример, едно од најважните откритија на Ајнштајн уште во раните години е откако ја прочитал својата прва научна книга сфатил дека невозможно е она што го учел за религијата да биде вистинито. Сепак, во текот на неговата кариера верувал во божествениот ред во универзумот.”- вели Каку.

Затоа при неговите тврдења важно е луѓето да знаат дека тој не зборува за оној Господ во кој луѓето лично веруваат и се молат, не се обидува да го покаже постоењето на тој личен Господ, туку на Ајнштајновиот Господ, вториот тип, причината за редот и елеганцијата во универзумот.

Сподели на Facebook
пати видено