Базул, во Буркина Фасо, е село распространето околу езеро, на 30 километри од главниот град Уагадугу, со многу уникатна традиција.

Многу генерации наназад жителите на ова село живеат во хармонија со повеќе од сто крокодили кои живеат во селското езеро, истото езерце каде што децата пливаат и се капат, а жените полнат вода.

Крокодилите на Базул се далечни роднинина поголемиот и поагресивен крокодил на Нил. Тие се посебен вид- Crocodylus suchus – исто така познат како крокодил од Западна Африка или пустински крокодили, бидејќи тие најчесто се наоѓаат во шумски региони и отворени живеалишта. Овие крокодили, или поточно нивните предци, се адаптирале на променливата средина во северна Африка, од бујна савана и тревни површини пред 10.000 години до топла и суви Сахара како што е сега.

За разлика од крокодилот во Нил, кој обично преферира големи реки, западноафриканскиот крокодил генерално преферира лагуни и мочуришта во пошумените региони. Некои од овие мочуришта, наречени гуелта, се формираат само за време на дождови или кога подземните извори се собираат. Кога водата исчезнува, крокодилите го минуваат летото во вид на „хибернација“. Тие не јадат и го сведуваат движењето на минимум.

Западноафриканските крокодили исто така се помалку агресивни од крокодилите во Нил и обично не ги напаѓаат луѓето. Исто како луѓето од Базул многу други племиња низ Западна Африка ги штитат и почитуваат овие крокодили. Луѓето на Базул веруваат дека крокодилите доаѓаат од небото заедно со дождовите и ако крокодилите исчезнат и водата ќе исчезне.

Светите крокодили, исто така, се наоѓаат во градот Сабу во централниот западен регион на Буркина Фасо. Над границата од Буркина Фасо во Гана, постои град наречен Пага, кој е домаќин на сопствена колекција крокодили кои живеат рамо до рамо со луѓето.

И во Базул и во Пага, има водичи кои со нетрпение ги намамуваат крокодилите од водата со живи кокошки како мамка, за да можат туристите да ги погалат и да се фотографираат со нив.

Сподели на Facebook
пати видено