Бремена мајка од Индија завршила во болница откако нејзините свекрва и золва ѝ фрлиле киселина врз стомакот во обид да го изгорат бебето по предвидувањето дека ќе се роди како девојче. Иследниците веруваат дека двете жени се обиделе да ја убијат 27-годишната Гирија заедно со нејзиното неродено дете откако астролог им кажал дека таа очекува девојче.

Двете жени сега се во бегство,но полицијата ги привела нејзиниот сопруг и неговиот татко. Гирија веќе има 18-годишна ќерка и полицијата верува дека била нападната за да спречат нејзиниот маж да биде татко на второ девојче. Медицинските лица велат дека има тешки изгореници на 30 отсто од своето тело. Многу Индијци од руралните области на Индија веруваат дека девојчињата вредат помалку од машките деца и држат силни предрасуди кон нив.

in01 in02 in03

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено