Во годината кога Сузана Турунџиева заокружува три јубилеи: 30 години од првото стапнување на музичка сцена, 25 години од дипломирањето на ФМУ и 20 години телевизиска кариера, ѝ се случуваат нејзините 5 минути! Роман кој се чита во еден здив, а се памти и прераскажува цел живот!

сузана-турунџиева (1)

Од овој роман, читателите ќе имаат можност да распакуваат една важна порака, која ќе ги натера да се запрашаат колку пати во својот живот им дошле нивните 5 минути, а тие не успеале навреме да ги препознаат?! Писмото на една баба и на една ќерка, но и чистото срце на една млада девојка, ќе ве „распарчи“ на илјадници делови, за на крајот повторно да ве состави.

сузана-турунџиева (4)

Покрај трите издадени збирки со мисли и цитати, „5 минути“ е трет роман на Турунџиева, а прв, кој не се однесува на нејзиниот живот. Првите два – „Куфер со соништа“ издаден во 2007мата и „Животот не е бајка“ издаден во 2015та се автобиографски и претставуваат искрена исповед на Сузана за сите нејзини остварени и неостварени соништа, како и за сите настани и личности кои одиграле значајна улога во нејзиниот живот.

сузана-турунџиева (2)Промоцијата на 5 минути е закажана на 9ти март, (на денот на нејзиниот роденден) во 18ч во ресторан Носталгија. Со вино, сок и колачи, Сузе ќе ги угости сите нејзини фанови и љубители на пишаниот збор. Се разбира, за ова да биде настан за паметење, Сузе подготвува и едно големо музичко изненадување на настанот. Чие име се крие позади изненадувањето, ќе видиме во среда. Само на промоцијата, присутните ќе имаат можност да ги купат сите нејзини издадени книги по промотивна цена.

Сподели на Facebook
пати видено