Научници утврдиле на кој начин суштествата од морските длабочини го преживеале астероидот кој ги убил диносаурите. Кога огромната вселенска карпа удрила во Земјата пред 66 милиони години, предизвикала разорни уништувања и изумирања на речиси сиот животински и растителен свет на планетата.

as01

Но, во длабочините на океаните животот продолжил и некако, и покрај сето тоа што се случувало на површината, цел еден екосистем продолжувал да се развива во изолираност. Како овие суштества од морските длабочини успеале да го преживеат катастрофичниот удар на астероидот се сметало за мистерија, бидејќи се претпоставувало дека уништувањето исто така ги отсекло од изворите на храна.

Но, сега со нови анализи на фосилизирани школки од тој временски период, научниците определиле дека некои видови алги и бактерии го преживеле ударот, на тој начин одржувајќи го непрекинат синџирот на исхрана за суштествата кои скитале на морското дно.

„Нашите резултати покажуваат дека и покрај бранот на масовни и речиси мигновни изумирања на планктоните, некои видови на фотосинтетични организми како алгите и бактериите продолжиле да живеат по ударот на астероидот“, вели Хедер Брч, докторант на Кардифскиот универзитет.

Сега се смета дека на Земјата и биле потребни околу 1,7 милиони години за целосно да се обнови по катастрофата, што е двојно побрзо отколку што порано се проценувало.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено