Браќа близнаци биле пронајдени од страна на полицијата затворени во еден мал дрвен кафез, во југоисточниот дел на Бразил. Кога биле испрашани од страна на властите, родителите на тригодишните деца рекле дека ги заклучиле своите синови во кафезот за да можат непречено да се занимаваат со земјоделство и да ги вршат домашните работи.

Полицијата во градот Апарецидинга, во Еспирито Санто, го направила шокантно откритие по анонимна пријава дека родителите редовно ќе ги затвораат своите деца во кутијата. Фотографијата од моментот кога биле пронајдени двете мали деца покажува дека ѕиркаат од зад дрвени штици од кафезот, обезбеден со катанец и синџир.

Нивната мајка, на 37-годишна возраст и 40-годишен татко, биле уапсени под сомневање за малтретирање на деца, додека за момчињата се грижат локалните социјални служби.

Шефот на локалната полиција, именуван само како капетан Сонимаркос, изјавил за новинарите: „Родителите рекле дека ги држат момчињата во кутијата за да можат да ги извршуваат своите задачи во домот и во полињата. Но, просторот беше многу мал и беше поделен на два дела, па браќата не се допираа меѓусебно. Без играчки, без перница и без утеха.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено