Сурови фармери исекле глава на крокодил и ја ставиле во мијалникот, по што главата останала жива и продолжила да се обидува да касне. 180 сантиметри долгиот рептил-младенче бил извлечен од водата и обезглавен на фарма во Тајланд. На снимката може да се забележи како еден човек се смее на беспомошната глава на крокодилот, додека друг човек ја држи другата половина на телото на суштеството додека тоа трескавично се превртува. Снимката била дадена на властите за да преземат мерки, но оттаму велат дека не може многу да се стори бидејќи не е позната локацијата на снименото.

kr01 kr02

„Многу е сурово тоа што крокодилот бил убиен на ваков начин. Ако морале да го убијат поради месото или кожата, тоа требало да го сторат безболно“, велат официјалните претставници.

kr03 kr04

Отсечените глави можат да продолжат да се движат поради рефлексните грчења на мускулите. Свеста се губи околу две секунди по обезглавувањето, па така движењата не можат да бидат свесно контролирани.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено