Она што некои луѓе го сметаат за недостаток, маана или аномалија, за други луѓе е уникатност, убавина и чудо на природата. Од лошите луѓе за жал не можеме целосно да се ослободиме, но можеме со добрина да се бориме против нив.

Можеби звучи морничаво кога ќе слушнете дека на некое куче му расте опашна на челото, но кога ќе ги видите неговите мили очиња ќе сфатите дека кученце со две опашки е подобро од кученце со една.

Организацијата за спасување со седиште во Мисури Мисијата на Мек го пронајде малото куче кое што лутало на студот, најверојатно исфрлено од некоја личност. Спасувачите веднаш го земале затоа што имало и повреда на ногата, но најмногу ги изненадил израстокот на челото, кој му давал изглед на еднорог.

Знаеме што помисливте, но не, оваа опавче не се мрда. Организацијата сподели слика на кучето на Фејсбук, објаснувајќи дека тие го именувале: „Нархол малиот магичен крзнен еднорог“, во чест на неговиот уникатен изглед. Тие го однеле и на ветеринар за да утврдат на што се должи опашката и дали треба да се отстрани. Анализите покажале дека таа воопшто не пречи и дека не постои никаква опасност по неговото здравје, освен што го прави „најинтересното кученце во светот“.

Иако Нархоал ќе има потреба од вечен дом во одреден момент, организацијата одлучи да го задржи засега, да му овозможи малку повеќе да порасне и да се осигура опашката да не стане пречка.

Сподели на Facebook
пати видено