Џонатан Дурам Хал, судија од Брадфорд, Англија, одбил да и одреди затворска казна на 15-годишна девојка. Девојката била прогласена за виновна затоа што пред 7 години прободела 56-годишен маж во близина на срцето, во обид да се одбрани од полов напад.

Тој изјавил дека е срамно да се испрати таква жртва – преживувач во затвор, а се понудил да ги исплати судските трошоци на девојката. Неговиот став бил дека делото било извршено во одбрана, а девојката била само жртва на полов напад од страна на педофил.

Инаку делото било извршено уште пред 7 години, кога девојката имала само 8 години. Таа 2 години била на рехабилитација по нанесувањето на тешки телесни повреди.

Во случајот, обвинителот бил изненаден од неговата одлука да се помилува девојката, која независно од положбата нанела тешки телесни повреди на возрасниот маж. Тие побарале од формалниот судски совет да ја разгледаат неговата одлука. Оттаму стои дека  тој го прекршил начелото на непристрасност и се однесувал недолично, а со тоа ќе му биде пресудена најниска форма на санкција.

Сподели на Facebook
пати видено