Кога Илон Маск не ги изнесува своите идеи за колонизација на Марс, понекогаш зборува за тоа како е возможно животот на Земјата воопшто да не е реален и дека всушност живееме во компјутерска симулација. Тој е само еден од луѓето во Силиконската долина кои покажуваат интерес за „хипотезата за симулација“ која тврди дека реалноста која ја познаваме всушност е голема компјутерска симулација која ја создала некоја софистицирана интелигенција. Според пишувањето на Њујоркер, двајца милијардери дури тајно ангажираат научници да бараат начин како да излеземе од Матрицата.

mx

Ник Бостром, професор по философија на Оксфорд уште во 2003 година ја изнесе теоријата дека е возможно членови на „постчовечката“ цивилизација да изработат симулација на своите предци. Рич Терил, научник на НАСА смета дека ако ваквиот развој на технологијата продолжи и во иднина, наскоро нашето општество ќе стане оштество на „вештачки ентитети кое живее во симулација“.

Еден од фактите кои одат во прилог на теоријата дека вселената всушност е симулација е фактот дека таа се однесува математички и дека е разбиена на субатомски честички, слично како пикселизирана видео игра.

„Дури и нештата кои ги сметаме за продолжителни како што се времето, енергијата и просторот, имаат конечна граница кога станува збор за нивната големина. Во тој случај, нашата вселена е конечна, што овозможува таа да биде симулација“, вели Терил.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено