Русинка која требала да лета до Анталија од Москва претходно се напила во барот на аеродромот. Кога се качила во авионот предизвикала хаос, почнала да се соблекува, да се однесува насилно и да ги плаши останатите патници. Стујардесите биле приморани да ја врзат плавушата до тоалетот во авионот додека не пристигнат во Турција.

Русинката халуцинирала и велела дека некои луѓе сакаат да ја убијат. Таа на руски им зборувала: „Јас ве молам. Моите раце се врзани. Не можам да ве фатам, ве молам. Гледате што се случува. Погледнете ме. Погледнете ја мојата крв. Тоа се ѕверови, тие се лажговци, тие се обидуваат да ве измамат.“

Руските медиуми известиле дека жената била пуштена на слобода по пристигнувањето на аеродромот во Анталија бидејќи турските власти изјавиле дека „немаат интерес“ да ја уапсат.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено