Откако ја изгубила кредитната картичка при едно ноќно излегување, Доминик Харисон – Бентзен, студентка по уметност на универзитетот Престон во Велика Британија, останала без превоз до дома. На нејзино големо изненадување, ѝ пристапил еден бездомник по име Роби, кој на студентката ѝ понудил три фунти за со такси безбедно да стигне до својот дом.

Иако Доминик ја одбила понудата, била толку трогната од гестот на Роби, што решила да собере 500 фунти за Роби да може да плати депозит за стан и да се тргне од улиците.

bz01

Потоа, следниот ден Доминик решила да помине 24 часа на улица да разбере како им е на бездомните луѓе секој ден. Потоа од членовите на семејството и пријателите побарала да донираат 3 фунти, истиот износ кој ѝ го понудил Роби за да ѝ помогне во неволја.

bz02

Кога се раширил гласот помеѓу пријателите, донациите почнале добро да напредуваат.

Selection_001

Помогнете му на Роби од Престон

Благодарност до заедницата од Престон, денес собравме над 200 фунти, а тоа значи дека 10 луѓе ноќва можат да бидат на сигурно и топло, а не на улица.

За три дена, со донациите од цела Велика Британија не само што била постигната целта, туку биле собрани двојно повеќе средства.

Selection_002

Ве молам продолжете да ја споделувате неверојатната вест за Роби! Не можам да верувам дека за три дена беа собрани 1000 фунти, да стигнеме и до 1500 и да го промениме животот на Роби!

На крајот се вклучиле и луѓе од целиот свет…

Selection_003

Многу љубов и поддршка од Холандија

Selection_004

Ве читам од Канада, срцезатоплувачка приказна. Благодарам што предизвикавте насмевка на моето лице

Selection_005

Здраво, јас сум од Германија и само што прочитав за вас во весник. Правите големо дело!

Досега се собрани некаде околу 29.000 фунти, доволо пари за засекогаш да му го сменат животот на Роби. Но, Роби инсистира парите да се дадат во добротворни цели од која ќе имаат полза сите бездомници во Престон. Човек со големо срце!

Selection_006

ВКУПНА СУМА ОД 28.000 ФУНТИ….животна промена за многу луѓе – избор на Роби – сон на Роби

Сподели на Facebook
пати видено