Неколку студенти под водство на професорот Хонџи Даи измислија навистина револуционерна батерија со високи перформанси која во голема мера ќе ги промени сите уреди, а пред се мобилните телефони. Батеријата е алуминиумска, се полни многу брзо, флексибилна е и незапалива. Истражувачкиот тим со 2 вакви тенки батерии генерираше 5 волти електрична енергија, доволно за напојување на еден смартфон.

Во ова видео, дипломираниот студент Гонг Минг, и постдипломецот Бај Јингпенг ќе ви покажат како новата технологија би можела да понуди безбедна алтернатива на литиум-јонските и другите батерии што се во широка употреба денес.

Сподели на Facebook
пати видено