Испит по литература во англиски колеџ. Задачата е да се напише расказ. Професорот објаснува каква треба да е структурата и што треба да се опфати:
– Колеги, во вашиот расказ треба да има нешто божествено, бидејќи Англија е религиозна земја. Дејството обично се одвива во високото општество, бидејќи таму се случуваат најинтересните работи. Во расказот треба да има и секс, за да биде прифатен од издавачот, и треба да има мистерија, за да се заинтересира читателот. Имате на располагање доволно време, почнувајте.
По 1 минута еден студент ја предава тетратката.
– Колега, зарем за толку кратко време успеавте да ги исполните сите барања?
– Да, господине. Еве: „Боже мој! – Рече бороницата. – Јас сум бремена. Од кого ли?“.

Сподели на Facebook
пати видено