Редок оптички феномен познат како „леден хало“ се појави над Њу Мексико, како што студениот бран напредуваше низ САД. Фасцинантната глетка е снимена од страна на фотографот Џошуа Томас од Тексас над гратчето Ред Ривер во Њу Мексико, кадешто веќе неколку дена температурата е под нулата, што е невообичаено за овој дел на САД.
Мноштвото прстени и сводови кои се забележуваат на небото се формирани од светлосните честички во нивната интеракција со ледените кристали коишто се наоѓаат во атмосферата за време на студот.