Сајони Нуакон запливала во водите на стриптизот кога имала само 20 години, за да си ги финансира студиите и неплатената пракса во текот на летото. Професијата и станала толку профитабилна што останала во бизнисот цели 3 години. Сајони заработувала околу 400 долари од вечер, работела 6 часа дневно, 4 пати во неделата.

Девојката признава дека нејзината мотивација биле парите “Зошто станав стриптизерка? Најлесниот одговор е: Парите…кога наполнив 19 години го започнав студирањето на Универзитетот во Колорадо, и ми беше тешко да ја балансирам работата од 12 саати и да имам солидни оцени”.

“Кога наполнив 20 години ми беше понудена неплатена пракса во Одделението за Едукација во Колорадо, знаев дека доколку прифатам мојата финансиска состојба ќе биде загрозена, тоа лето станав стриптизерка”.

Сајони смета дека заработката зависи и од стандардите кои што ќе си ги поставите “Одредени танчерки не би се вратиле во истиот клуб доколку не заработат минимум 500 долари во 4 часовна смена, но има и танчерки кои што молат за 300 долари во 8 часовна смена”.

Исто така таа изјавила дека со таква голема заработка и ваква деградирачка професија може да се претвори во практична. Таа работела како независен поединец, и плаќала “кирија” за да игра во поголемите клубови.

Некои од клубовите во кои што работела налагале егзотичните танчерки да бидат облечени во фустани до колена од 100 долари, некои имале и свои шминкери, додека пак имало и клубови каде што целата организација зависела од самата девојка.

“Пред да ви почне настапот кажувате молитва, таа вечер или ќе си отидете со 2.000 долари во џебот, или пак ќе заминете со помалку пари отколку што сте имале. Со мојата заработка успеав да се исфинансирам себеси, моето семејство, пријателите и да одам на повеќе одмори.”

 

Сподели на Facebook
пати видено