Добар ден, јас сум Анкица Цанковска имам 43 години и сум докторка по професија. Во последно се занимавам со една проблематика која многу луѓе ја запоставуваат а то е стресот. 80% од болестите се предизвикани од секојдневни стресој.

Порано причини за стресојте беа:

Неплатени сметки, идеа од EVN па исклучват, па приклучват, па молејнци колејнци ехеее чудa, луѓе се изрзболија еден куп.

Извршител, борчој на сите страни, а тие палежните извршители си идат мајка, водата спие тие не спијат, па конфискуват низ куќа трзавици еден милион. И од то многу луѓе се изразболија.

УЈП, то се вика стрес, само да видиш службеник од УЈП одма преброј се и парите шо ти ги дал дедо ти за џепарлак тргни ги, в гаќи скри ги оти то ќе ти биди, ќе имаш поќе пари него плата шо земаш и шо напрај после?

Полиција и казни, казните в таван, а полиција на секој чекор, само шо ќе влезиш в кола почнува паника да те фаќа, се тресиш, појас, светла, пешачки, стресој боооо. Многу луѓе в кола се изразболија.

Ама луѓе како луѓе се навикнуваме и прилагодуваме. Се навикнавме на немаштијата, извршителите дури ни станаја секојдневије, казни си имаше едно време, почнавме да се врзваме, кладовме синџири в кола за гумите, едно лопатче, прва помош и то помина ко да не било, а за УЈП почнавме и дел од мазнико да оставаме за Василица.

Таман реков готово се среди ситуацијата со стресо, почнаја Турските серии.

Седиш онака дома, баш пријатна атмосфера се гледа нешто групно ете пример, “Ѕвезде Гранда” или “Плес до снове” или “Чао амиџа”, друго не знам и дали има и од нигде никаде горе на екрано читаш “Драматична разврска, пукање на улиците и киднапиран малио Назив, не пропуштајте во 9, КАРАДАЈ”…

Дали знајте кој стрес е то, па кој можи то нешто на малио Назив да му го напрај, кој има пукано, кој го погодија, леле господе колку е сато, аман 6 е не врви, кај е 9.

Многу напнато и се бориме за да го пребродиме и ова. Ние како доктори ќе дајме се од себе да се запри епидемијата, која започна со смртта на слончето на Касандра, тогаш беа мобилизирани сите доктори за да се справиме со шокантната вест.

Борбата продолжува!!! Поздрав!

Автор: Виктор А.К.А. Башлак

Сподели на Facebook
пати видено