Низата интимни фотографии од 70-те со лавот Нил носи страшна приказна која би требало да не потсети дека без разлика колку може да ги сакаме или чувствуваме блиски, никогаш нема да можеме навистина да го разбереме умот на дивото животно.

По етно патување во Африка, актерката Типи Хедрен, нејзиниот сопруг Ноел Маршал и нивната ќерка актерка Мелани Грифит сакале да снимат филм за лавови. Според советот на Рон Оксли, дресер на животни кој им кажал дека „ако сакате да дознаете повеќе за лавовите, извесно време мора да живеете со нив“, го однеле лавот Нил да живее заедно со нив во нивниот дом. Тоа било документирано од фотографот Мајкл Ружиер.

Живоот со Нил се чинел доста убав, но нивниот филм „Рик“, не поминал баш најдобро. Мелани поминала со 50 шевови откако била нападната од лавицата за време на снимањето, на кинематографот Жан де Бонт морале одново да му го зашијат скалпот. Од филмската екипа биле повредени вкупно 70 луѓе од страна на 150 мачки предатори. Филмот чинел повеќе од 17.5 милиони долари, а заработил само 2 милиони.

lav01 lav02 lav03 lav04 lav05 lav06 lav07 lav08 lav09 lav10

Сподели на Facebook
пати видено