Стотици млади жени во Русија објавуваат разголени фотографии од себе во знак на протест за брутално силуваната и убиена студентка од нејзиното поранешно момче, кое го „провоцирала“ со ставање на разголени фотографии на социјалните медиуми. 19-годишната Татјана Страхова била силувана додека умирала од страна на монструмот Артјом Ишкаков, откако одбила да има секс со него. Кога девојката починала Артјом два пати имал односи со нејзиното мртво тело и своите болни „активности“ ги опишал на интернет, пред да се обеси.

Татјана Страхова

Во пораката објавена за нејзините родители и пријатели, откако ја удирал, давел и ја избол со нож девојката, изјавил: „Се налутив затоа што толку размислувал да имам секс со неа што ја убив.“ Бран коментари од мажи и жени на рускиот интернет отворено сугерира дека го „провоцирала“ 19-годишниот Артјом, кој исто така бил нејзин цимер, со нејзините разголени слики на социјалните мрежи.

Татјана Страхова и Артјом

Тие, исто така, ја нарекувале „проститутка“ и девојка без морал бидејќи таа го покажувала своето тело на интернет. Како реакција на овие коментари стотици млади жени низ Русија почнале да објавуваат разголени фотографии од себе со опис во кој пишува дека се загрижени за „одобрувањето“ на убиството на младата жена и со хаштаг на секоја слика „не е причина за убиство.“

Татјана Страхова

Меѓу негативните коментари од луѓето имало и коментар на православен свештеник кој напишал: „Нејзиниот блуд конечно ја убил.“ Поголемиот дел од коментарите на девојките кои протестираат за ваквото однесување се однесуваат на тоа дека ниту еден човек нема право да одземе живот врз основа на тоа какви фотографии ставиле на социјалните медиуми.

Јулија(фотографијата лево) од Краснодар напишала: „Сигурно многумина од вас слушнале за студентот кој брутално убил и силувал една млада девојка – ги опишал неговите постапки детално и се обесил. Го товорив профилот на оваа мртва девојка и што видов? Многу постови во кои се изразува сочувство? Не, видов гигантски проток на ср*** ‘таа е виновна’, ‘таа го испровоцирала’, ‘проститутка со тетоважи и розева коса’, ‘таа го заслужила ова’, ‘требала да има секс со него’. Ми се гади.

 

Анастасија(на фотографијата погоре) напишала: „Се шокирав кога прочитав што се крие во главите на луѓето. Запомнете ништо не ви дава право да убиете човечко суштество. Што и да направила, како и да се однесувала. Тоа е шокантно, неморално и дивјачко.“

Катја Обухова, од Екатеринбург (фотографија лево) напишала: „Не можам да молчам. Јас не планирав да ја покажам оваа фотографија на никого освен на мојот сопруг. Но видов една приказна и останав шокирана. Реакцијата на луѓето едноставно МЕ УБИ. Моето прашање е како едно здраво општество го одобрува однесувањето на силувачите и убијците ако нивната жртва става разголени фотографии на социјалните мрежи? Насилството НЕ  е нормално. Ништо не може да го оправда. Голото тело не е повик за насилство. Не значи не!“

Сподели на Facebook
пати видено