Како уметник, колку повеќе технички вештини имате, толку подобро ќе можете да ги претставите своите идеи.

И Симон Бергер има толку добри раце, што тој создава дури и кога уништува. Дајте му чекан и длето и Симон ќе ви издлаби стаклен портрет како од шега.

„Стаклото е материјал што има толку голем потенцијал во уметноста. Користејќи го моето искуство како столар пронајдов техника која е веројатно најуникатна во светот.“, вели Симон. Обучениот столар го започнал своето уметничко патување користејќи дрво, но наскоро започнал да експериментира и со други материјали.

Уметникот го започнува делото со фотографија од модел. Потоа ги скицира нејзините контури на плоча од стакло. Оттаму, Симон ги обележува местата што не сака да ги скрши и оние што сака малку да ги уреди. Најдоброто стакло за овие проекти е нешто што не се крши на парчиња веднаш по ударот. Како шофершајбната на автомобилот.

Неодамна, прецизното дело на Симон имаше многу успешна изложба во галеријата на Филип Брогли, Артестали во Базел, Швајцарија.

Ова се неколку други дела на уметникот и како изгледа и самиот уметник

Сподели на Facebook
пати видено