Авионска несреќа. Преживува само една стјуардеса која скокнала со падобран. Стјуардесата паѓа на пуст остров и гледа на островот само еден човек пече месо.
Стјуардесата го прашува човекот:
– Од каде си?
– Од Кавадарци.
– Колку време си на островот?
– 15 години.
– Ќе ми дадеш ли малку месо? Многу сум гладна.
– А ти што ќе ми дадеш за возврат?
– Нешто што не си видел 15 години.
Кавадарчанецот скока пресреќен, ја гушка стјуардесата и ја прашува:
– Стварно ли носиш ракија?

Сподели на Facebook
пати видено