Еден човек бил фатен како гледа порно додека седел до 16-годишна девојка. Инцидентот се случил веднаш по полетувањето и за тоа сведок била американската стјуардеса Аманда Плева. Мајката на девојката заѕвонила за да го извести екипажот откако ќерка ѝ ѝ пишала порака.

„Таа едноставно ми пиа порака преку WiFi за да ми каже дека човекот до неа гледа порнографија на неговиот телефон“, вели загрижената мајка.

im01

Кога стјуардеста му пришла на човекој бил во своите триесетти, тој го ставил телефонот на своето колено свртен со екранот надолу, криејќи што гледа. Стјуардесата се оддалечила, држејќи го на око човекот за да види дали ќе ги повтори своите навредливи навики, кои ѝ причинувале голем стрес на младата девојка. И кога мислел дека никој не гледа, тој продолжил да го гледа видеото, а девојката до него целата пребледела.

„Проблемот не беше толку во содржината на филмот“, вели стјуардесата, „туку во тоа што тој намерно гледаше порно пред очите на млада девојка, заробена до него.“

im02

Плева додава дека авионскиот персонал не добива некакви специфични упатства за тоа како да се справат со сексуални напади за време на лет. Така, наместо да се справуваат со напаѓачот, тие ја преместиле жртвата на побезбедно место и го предупредиле човекот ако пак продолжи, ќе биде уапсен веднаш по слетувањето. Човекот се согласил и го тргнал телефонот. Но, стјуардеста била изненадена кога човекот мирно си заспал, како ништо да не било, додека девојката била целата потресена и во солзи, чувствувајќи се беспомошна и лута.

Сподели на Facebook
пати видено