Стивен Хокинг,најсјајната ѕвезда на небесниот свод на науката чии согледувања ја обликуваа модерната космологија и ја инспирираа светската публика почина на 76 години. Неговото семејство објави изјава во раните утрински часови во средата изутрина потврдувајќи ја неговата смрт во неговиот дом во Кембриџ.

Децата на Хокинг, Луси, Роберт и Тим, во изјавата напишаа: „Длабоко сме тажни бидејќи нашиот сакан татко почина денес. Тој беше голем научник и извонреден човек чија работа и наследство ќе живеат многу години. Неговата храброст и упорност со неговата брилијантност и хумор ги инспирираа луѓето низ целиот свет.“

Стивен Хокинг беше во големи размери инвалидизиран од страна на лателарна амиотропкса склероза позната како амиотрофична латерална склероза (АЛС). Болеста на Хокинг е значајно поразлична од типичната АЛС во тоа што неговиот облик на АЛС ќе го направи него најдолготрајниот случај кој некогаш бил евидентиран. Преживување по десет години по дијагнозата е необично за АЛС.

Бил почесен пријател на кралското друштво на уметности, доживотен член на пaпската академија на науките и во 2009 е награден со претседателски медал на слободата, највисоката цивилна награда во САД.

Хокинг 30 години бил професор на математичката катедра во Кембричкиот универзитет, превземајќи ја таа функција во 1979 и повлекувајќи се на 1 октомври, 2009. Во поново време директорувал со истражувачкиот центар за теориска космологија во одделот за применета математика и теориска физика на Кембричкиот универзитет. Тој е познат по своите придонеси во полето на космологијата и квантната гравитација, особено во контекс на црните дупки. Исто така, тој се здобил со успеси за неговата работа во полето на популарната наука во која тој генерално дискутира за неговите теории и космологијата.

Сподели на Facebook
пати видено