Стегач за рака кој го мери шеќерот во потта на дијабетичарите би можела да стави крај на потребата од болни инсулински инекции. Научниците создале стегач за рака кој ја впива потта, а електронскиот уред во него го анализира нејзиниот состав. Покрај тоа, стегачот е опремен и со мали игли наполнети со потребното лекарство, и ако се процени дека нивото на шеќер во крвта е превисоко, тие се активираат и вбризгуваат метформин во телото на пациентот. Стегачот е изработен од графин, супер тенок, но и супер силен материјал, како и злато. Во досегашните тестови до сега со него успешно е измерено нивото на шеќер во крвта кај двајца здрави луѓе. Исто така, во текот на тестирањата со глувци, стегачот се покажал успешен и при вбризгување на метформинот. Бидејќи иглите во стегачот се премногу мали за да ги погодат нервните завршетоци, тие причинуваат многу помалку болка од традиционалните инекции.

st

Уредот, кој е дело на научен институт од Јужна Кореја, сѐ уште се наоѓа во фаза на прототип и сега се разработува можноста тој да вбризгува инсулин.

Сподели на Facebook
пати видено